Сопругот на познатата глумица Сара Џесика Паркер, од серијата „Сексот и градот“, Метју Бродерик, во 1987 година во Ирска предизвикал сообраќајка во која загинале мајка и ќерка.
Тој ги убил 28 годишната Ана Галагер и нејзината мајка 63 годишната Марагерт Доерти, а на крајот иако ја признал вината, успеал да се извлече со парична казна од 175 долари.
Метју по грешка влегол во спротивната лента на патот и предизвикал тежок судар. Во несреќата тој скршил неколку ребра и имал потрес на мозокот. Тој во разговор со полицијата рекол дека не се сеќава на ништо од несреќата.
„Единствено на што се сеќавам е дека се разбудив во болницата и дека имав чудно чувство во ногата“, им кажал тој на полицијата.
Тој тврдел дека пати од делумна амнезија, но, на крајот ја признал вината. Иако бил главниот виновник за несреќата, наместо пет години затвор, тој бил осуден за невнимателно возење и парична казна од 175 долари.
За потсетување, Сара и Метју се венчаа во мај 1997 година. Таа не носеше венчаница на свадбата, туку се појави во црвен фустан. На прашањето зошто не била во бело, како и сите жени во светот, таа одговорила дека и било срам да носи бела венчаница.
Пет години подоцна тие го добија синот Џејмс Викиј. Со помош на сурогат мајка во 2009 година ги добија близначките Лорета и Табита. Двојката важи за еден од најхармоничните парови во Холивуд.