Метју Меконахи (55), некогашниот крал на романтичните комедии, откри дека во еден момент во кариерата едноставно си рекол: „Доста ми е!“
Во интервју за „Гардијан“, актерот откри дека иако филмови како „Планер на венчавки“, „Како да изгубиш дечко за 10 дена“ и „Духовите на поранешните девојки“ му донеле слава, нешто недостасувало.
„Бев добар во нешто што не го сакав,“ признава Меконахи.
По последниот љубовен филм во 2009, направил пауза и почнал да чека улоги што ќе го возбудат навистина. „Сакав работата да ми биде важна како и животот,“ вели тој.
Иако одбивал филмови и го прашувале „што не е во ред со тебе?“, одлуката му се исплатела. По неколку години го добивме новиот Метју: „Вистински детектив“, „Интерстелар“, „Клуб на купувачи во Далас“ – за кој освои и Оскар.
Критичарите го нарекоа овој период McConaissance (ренесанса на Меконахи), а тој денес со насмевка вели:
„Сега навистина се забавувам.“