Актерката Мила Кунис има ново момче, пишуваат светските медиуми. 39-годишната Кунис, како што пренесува Woman’s Day, го оставила сопругот Ештон Кучер и почнала да се забавува со новиот љубовник. Според таблоидот, Куни и Ештон се договориле да почнат да се забавуваат со други.
Се зборува дека двојката е пред развод. Причината за разделбата наводно се пречестите кавги во времето поминато во карантин, открива извор близок до двојката.
„Ештон и Мила се договорија да се забавуваат некое време со други луѓе. Не се целосно разделени. Тие сакаат да видат дали ќе можат да ја вратат страста и односот што го имаа од претходно. Мила беше прва која пронајде ново момче. Се гледа со него веќе три месеци. Тој е помлад од неа пет години. На Ештон на почетокот му беше сеедно, но сега се плаши дека може да ја загуби засекогаш. Сигурен сум дека работите меѓу нив двајца на крајот ќе се решат и дека се создадени еден за друг“, открива изворот.