Миша Бартон: публицист ме советуваше на 19 години да имам секс со Леонардо ди Каприо за успешна кариера 

Холивудската актерка Миша Бартон била советувана од публицист да спие со Леонардо ди Каприо за успех на нејзината кариера. Ова Миша го открива во видео од 2005  година кое се појави изминатите денови.

Таа раскажува дека тогаш Ди Каприо имал 30 години и штотуку раскинал со Жизел. На наговор на Крег Шнајдер кој и рекол „За доброто на својата кариера, оди и спиј со тој човек“, Миша рекла: „Нели Лео има 30 или повеќе?“.

Целото интервју повторно се најде на насловните страници откако Ди Каприо беше виден како се забавува со девојка која има само 19 години.

Блиски луѓе на Леонардо ди Каприо изјавиле дека актерот не е во врска со младата манекенка,дека тие билесамо на забава и седеле еден до друг, но дека несе пар.

Scroll to Top