Во Лондон се одржа светската премиера на филмот „Убиство во ориент експрес” („Murder On Orient Express”), адаптиран од истоимениот роман на Агата Кристи. Според светските медиуми, ова е еден од долгоочекуваните но и озборувани филмови.
Салата „Ројал Алберт“ ги собра главните ѕвезди Мишел Фајфер и Пенелопе Круз, кои се појавија во гламурозни светкави фустани, а тука беше и познатиот холивудски актер Џони Деп, кој на црвениот тепих дојде во елегантен црн смокинг.