Модната креаторка Норма Камали ќе се мажи на 75 години

Модната креаторка Норма Камали, на 75 години се вери со нејзиниот партнер Марти Еделман и тие наскоро ќе прават свадба. Таа вели дека е пресреќна што конечно пронашла маж со кој сака да го помине остатокот од животот.

„Сите имаме сопствен календар, сите имаме различен временски план кога работите треба да се случат. Мојот астролог во 1970 година ми рече дека на 65 години ќе ја запознаам својата сродна душа. Јас реков: ‘Ах, не не, не’. Како и да е, астрологот беше во право, а јас на 65 години го запознав Марти“, рекла Камали.

Марти ја побарал Норма за жена на нејзиниот роденден.

 

„Пресреќна сум затоа што не бев подготвена пред тоа“, рекла додала таа.

Камали се прослави кога го дизајнираше иконскиот црвен костим за капење на Фара Фосет. Таа претходно беше во брак години со нејзиниот поранешен деловен партнер, Еди Камали,со кого се венча на 19 години.

 

Scroll to Top