„Мој ангелу, почивај во мир“, Марк Волберг емотивно се прости од мајка си

Алма Волберг, мајката на холивудскиот глумец Марк Волберг, почина по тешка битка со болеста. Веста за нејзината смрт ја потврди глумецот на „Инстаграм“.

Таа почина во неделата утрото на 78-годишна возраст. Алма во својот живот работела како медицинска сестра, банкарска службеничка, но се обидела и во глумата.

„Мој ангелу. Почивај во мир“, напишал Марк на „Инстаграм“.

„Време е да почиваш во мир, мамо. Те сакам. Ми недостигаш, но секогаш ќе те славиме“, напишал Дони, неговиот брат.

 

 

 

Scroll to Top