Холивудската актерка Моника Белучи е снимена на аеродромот во Грција.
58-годишната актерка го привлекла вниманието на јавноста по пристигнувањето, па околу неа на аеродромот веднаш се собрале обожаватели на кои им давала автограми. Причината за нејзината посета на Грција не е позната, а на аеродромот пристигнала сама.
Инаку, Белучи на почетокот на годината ја потврди врската со филмскиот продуцент Тим Бартон. Двојката се запознала пред 16 години, но странските медиуми велат дека тие почнале да се забавуваат откако се сретнале на филмскиот фестивал Лумиер во Лион во октомври.
58-годишната Моника беше почесен гостин на фестивалот, каде на 64-годишниот режисер му врачи награда за животно дело.