Моника Белучи ја потврди романсата со Тим Бартон по неколкумесечни шпекулации за нивната врска.
„Она што можам да го кажам пред се е дека мило ми е што го запознав тој човек. Тоа е една од оние средби што ретко се случуваат во животот“, изјавила 58-годишната актерка за „Ели Франс“ во интервју објавено претходно оваа недела.
Белучи изјавила дека е возбудена што ќе работи со Бартон (64) на „Beetlejuice 2“, што ќе биде нејзина прва соработка со режисерот.
„Го познавам човекот, го сакам и сега ќе се сретнам со режисерот. Започнува уште една авантура”, додала таа.
Таа ја пофалила посебната филмска естетика на Бартон, велејќи дека го сака тој свет на соништата каде чудовиштата се љубезни, како да може да се претворат нашите темни аспекти во нешто светло.
Белучи и Бартон првпат предизвикаа гласини за романса во февруари, откако беа фотографирани како се држат за рака во Мадрид. Истиот месец тие беа забележани како се бакнуваат пред хотел во Париз на Денот на вљубените. Некои тогашни медиуми сугерираа дека нивната врска започнала минатата година откако Белучи го објави Бартон на филмскиот фестивал Лумиер во Лион, Франција во октомври 2022 година. Сепак, до оваа недела, ниту еден од нив не ги коментираше шпекулациите.
Пред романсата со Белучи, Бартон беше во врска со Хелена Бонам Картер од 2001 до 2014. Бартон и Бонам Картер (57) го имаат синот Били (19) и ќерката Нел (15). Минатата година, Бонам Картер ја опиша нејзината разделба од Бартон како многу болен развод. Покрај нивната романтична врска, дуото соработуваше на бројни филмови, меѓу кои „Свини Тод“, „Планета на мајмуните“ и „Темни сенки“.
Пред врската со Бонам Картер, Бартон беше во брак со уметничката Лена Гисеке од 1987 до 1991 година но се развеле по само шест месеци. Таа подоцна се омажи за францускиот актер Винсент Касел во август 1999 година. Поранешната двојка, која ги има ќерките Дева (19) и Леони (13), се разделија во август 2013 година.