Морган Фримен (86), поради нарушено здравје го откажа патувањето во Велика Британија, пренесе „Дејли Мејл“. Актерот имал температура, а лекарите веруваат дека добил и заразна инфекција. Фримен требаше да ја промовира серијата Special Ops: Lioness заедно со колешките Зои Салдана и Никол Кидман.
„Морган имаше треска и неговиот лекар мисли дека се работи за заразна инфекција, па го откажаа патувањето. Сега се чувствува добро“, рече неговиот претставник.
За потсетување, Фримен на Оскарите и отворањето на Светското фудбалско првенство, се појави со ракавица левата рака. Станува збор за медицинско помагало за компресија кое го добил по тешка сообраќајка во 2008 година.
Оттогаш не може правилно да ја користи раката.
„Доживеав оштетување на нервите. Не можам да ја движам раката, а ако постојано ми е мирна, ќе отече. Дали знаете дека мрдаме со раката околу милион пати на ден?, рече Морган во интервју за Esquire.