На 16 години ме натера да ги зголемам градите, кога беше лут ме влечеше за коса и ми даваше кокаин: Љубовница на Марадона открива детали за славниот фудбалер

Поранешната девојка на Диего Армандо Марадона, Мавис Алверез (37), привлече огромно внимание во јавноста откако раскажа детали од нивниот интимен живот. Таа била во четиригодишна врска со аргентинската фудбалска легенда кога имала 16 години.

Алверез гостуваше во „America TV“, каде отворено зборуваше за врската со Марадона додека тој бил во Куба на одвикнување од дрога.

„Жал ми е за себе, знаејќи дека тогаш имав само 16 години и дека учествував во сето тоа. Но, тоа е уште едно искуство во животот. Кокаин почнав да користам на 16 години кога бев во врска со Марадона, иако тој на почетокот ми зборуваше дека ќе ме убие доколку пробам“, изјави таа.

Алварез додаде дека по некое време почнал да се чувствува осамено, па не сакал да го прави тоа сам и почнал повеќе да инсистира на тоа. Меѓутоа, успеала да се откаже од дрогата уште пред да раскине со него.

„Ми помогна тоа што патуваше, секојпат кога некаде ќе отидеше, јас бев чиста. Единствено што правев беше тоа што пиев алкохол и моето семејство многу патеше“, вели таа.

Алварез откри дека Марадона инсистирал таа да оди на операција на зголемување на градите.

„Негова желба беше операцијата да се направи во куќата во Куба во која живеевме, но го одбив тоа од страв. Тогаш тој одлучи тоа да го направам во Буенос Аирес. Операцијата беше многу тешка“, објасни таа.

Алварез раскажа дека престанала да студира бидејќи тој не сакал девојка од колеџ. Но и дека не ѝ дозволувал да се види со својата мајка и дека често физички ја малтретирал.

„Еднаш ме избрка од трпезаријата, ме седна во автомобилот и ми ја влечеше косата кога стигнавме дома”, вели таа, потенцирајќи дека тој не ѝ дозволил да го пријави.

Мавис раскажа дека Марадона сакал да имаат деца, но никогаш не го проширеле семејството.

Таа откри дека по неговата смрт не добила ништо, но и дека постоела идејата да го тужи семејството. Таа призна и дека многу ја погодила веста дека починал.

 

Scroll to Top