Американскиот пејач Арон Картер е најден мртов во саботата во куќа во Ланчестер во Калифорнија, пренесе TMZ. Полицијата не открила траги на насилство, но рече дека истрагата е во тек.
„ТМЗ“ пренесе дека куќата е опколена со полиција и дека пред влезот има поставено полициски ленти. Арон стана поп ѕвезда на крајот на деведесетите години. На девет години го издаде деби албумот кој го нарече по себе си. Откако продаде милиони примероци, со неговиот втор албум Aarons Party направи уште поголем успех.
Неговиот постар брат Ник, беше член на популарните „Бекстрит Бојс“, а Арон со бендот одеше на неколку турнеи. Низ кариерата стана рапер, а имаше големи проблеми со разни наркотици и дроги.