На доделувањето Ријана во секси капут, без градник

Престижното доделување на наградите „Греми“ свечено беше одржано во неделата вечерта во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк!

Најголемите светски музички ѕвезди блеснаа на црвениот тепих, а тие што таа ноќ и пееја на бината целосно доминираа.

Една од нив е и поп-ѕвездата Ријана, која во жешко издание го запали Њујорк!

Со Ријана на сцената излегоа и диџеј Калед и Брајсон Тилер, кои ја изведоа песната Wild Thoughts, вториот најголем хит на светот за минатото лето.

Ријана носеше рачно изработен костим со потпис на креаторот Адам Селман.

Како што пренесуваат светските медиуми, настапот во живо беше толку полн со енергија, па оние што присуствуваа на доделувањето на „Греми“ во неколку наврати помислија дека Ријана ќе падне од сцената.

Scroll to Top