На есен ќе се продаваат личните работи на Бети Вајт

Личните предмети кои некогаш ѝ припаѓале на легендарната комичарка Бети Вајт, меѓу кои и златниот часовник од нејзината мајка, ќе се продаваат на аукција во септември.

Сите нејзини награди, фотографии, сценарија, накит и фустани кои ги носела на црвениот тепих, ќе бидат изложени во аукциската куќа Julien’s Auctions во Беверли Хилс.

„Ова е аукција ќе ги претстави нејзиниот живот и неверојатна кариера. Станува збор за аукција за нејзиниот животен стил“, рече Мартин Нолан, извршниот директор на Julien’s Auctions.

„Сите овие предмети дојдоа од нејзиниот дом во Брентвуд или од нејзината резиденција во Кармел, Северна Калифорнија, каде што живееше со нејзиниот сопруг Ален Ладен“, додаде тој.

Најценет меѓу предметите, според Нолан, е часовникот од 14 каратно злато, кој Бети го доби од нејзината мајка Тес, на 25 декември 1940 година. На него ги има и нејзините иницијали T.C.W.

Има и бројни слики со животински мотиви и слики кои се дело на животни.

„Таа обожаваше миленици. Рече дека си ја сака работата во шоу-бизнисот и преку неа може да ја поддржува работата со животните“, рече Нолан.

На аукцијата ќе има и три слики, делата на Коко горилата со кого комуницираше на знаковен јазик. Нолан ја проценува целата колекција од 1 до 2 милиони долари. Аукцијата ќе се одржи во септември во Беверли Хилс.

За потсетување, Бети Вајт почина на 31 декември минатата година на 99 годишна возраст. Кариерата ја почна во радио во доцните 1930-ти, а во 1939 година го имаше своето телевизиско деби.

Во 1952 година, Вајт имаше своја телевизиска серија „Животот со Елизабет“ и ги продолжи своите култни улоги во „Шоуто на Мери Тајлер Мур“ и „Златни девојки“.

Беше и една од првите луѓе кои добија ѕвезда на Булеварот на славните во 1960 година. Помала реплика од истата, која се доделува на примачот кога ќе му биде доделена ѕвездата, ќе биде исто така продадена на аукцијата.

Scroll to Top