На пејачот Ар Кели му се заканува затвор од 25 години поради сексуална злоупотреба и трговија на жени

Ар Кели, музичката ѕвезда најпозната по хитот I Believe I Can Fly, треба да добие најмалку 25 години затвор, според предлогот на обвинителот, пренесува „Гардијан“.

Неговите адвокати, сепак, сметаат дека тој треба да добие најмногу 17 години. Пресудата ќе биде донесена кон крајот на месецов.

Лизет Мартинез, една од неговите жртви, рече дека „заслужил доживотна казна поради фактот што повредил толку многу луѓе со децении“.

Пејачот минатата година беше прогласен за виновен за сексуална трговија и злоупотреба. Сведоците рекоа дека жртвите се надевале дека Кели ќе им помогне во нивните кариери и се нашле во ситуација кога тој барал апсолутна послушност од нив.

Обвинителите веруваат дека тој ја користел својата слава, пари и популарност за систематски да ги следи децата и младите жени за сопствено сексуално задоволство и избегнувал казна, додаваат тие, речиси триесет години. Во извештајот од оваа недела тие истакнаа дека не се кае и дека е убеден дека неговиот музички талент треба да го ослободи од потребата да го контролира своето однесување.








		
		
			
Scroll to Top