Викендов во Мајами се беше погребот на Ј.Р. Рајдингер, бизнисмен и член на високото општество, кој ненадејно почина од белодробна емболија на јахта во Хрватска на почетокот на септември.
Необичниот погреб бил замислен како „прослава на животот“ на славниот милијардер, а на погребот се појавиле бројни познати имиња од светот на шоубизот.
Џенифер Лопез, Бен Афлек, Ким Кардашијан, Алиша Кис, Џејми Фокс се само дел од познатите фаци кои пееле, танцувале и наздравувале на погребот во чест на починатиот претприемач.
„Сила, убавина и грациозност. Мојата убава пријателка ја загуби љубовта на својот живот од повеќе од 30 години. Синоќа го прославивме животот на Џеј па дури и повторно танцувавме.Тој би го сакал тоа!! RIP JR ние ја чуваме твојата девојка“, напишала Џенифер Лопез на објавата.