Сопругата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, наскоро ќе има свое телевизиско шоу кое ќе се емитува на „Нетфликс“. Шоуто ќе се вика SOY Georgina, а во него ќе биде прикажан нејзиниот приватен живот. Пред да биде во врска со Роналдо, таа работела во продавницата „Гучи“ во Мадрид и рече дека не заработувала многу. Ниту нејзиното семејство не било богато.
„Од продажбата на луксузните парчиња облека, сега преминав на ниво да ги носам истите тие фустани на црвениот тепих. Денес имам милиони фанови и сум девојка на најследениот маж на светот“, рече таа во интервју за „Сан“.
Георгина раскажа дека ѝ требало време за да се навикне на луксузниот живот кој сега го има со фудбалерот.
„На работа прво одев со автобус, а дома се враќав во ‘бугатито’ на Роналдо. Морав да се навикнам на тоа“, рече Георгина и објани дека ѝ требало половина година за да научи да се движи низ нивната вила и да запамети која соба каде се наоѓа.
„Понекогаш ми требаше половина час за да дојдам во дневната соба затоа што не го знаев патот“, рече таа.
Реалното шоу наскоро ќе се емитува на „Нетфликс“, а нејзиното семејство ѝ замерува и вели дека Георгина ги заборавила откако започнала живот со Роналдо.