Надал ги потврди убавите вести и рече дека со сопругата го чекаат првото дете

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја потврди веста дека наскоро ќе стане татко и дека тој со сопругата Мариа Франциска Перело го чекаат првото дете.

Убавата вест тенисерот ја потврди на конференција за медиумите во Мајорка. Тој рече дека не е навикнат да зборува многу за приватниот живот.

„Ние живееме мирно. Не се експонираме во медиумите и не верувам дека тоа ќе се смени во блиска иднина“, рече Надал.

Веста за принвата прв ја откри шпанскиот магазин Hola. На порталот и на „Твитер“ профилот тие објавија фотографии од бремената Франциска, додека ужива на одмор во друштво со сопругот и пријателите.

Надал два дена претходно објави фотографија со убаво друштво со кое ужива на јахта. Сопругата Марија Франциска за разлика од останатите девојки, позираше во широка облека.

 

Scroll to Top