Тенисер Рафаел Надал ја изневерил сопругата со Шакира уште во 2009 година, тврди новинарот Жорди Мартин. Аферата се случила додека го снимале спотот за песната Gypsy, во кој снимиле неколку жешки сцени.
Шакира се уште го немаше запознаено Пике, а тенисерот беше во врска со Марија Сиска Перело, која сега му е сопруга.
„Имаа афера и сите зборуваа за тоа. Прво зборуваа дека Шакира е во врска со нејзиниот добар пријател Алехандро Санза, но вистината е дека се забавуваше со Надал“, рече Мартин.
За потсетување, Шакира од неодамна се раздели од фудбалерот на Барселона, Џерард Пике, кој исто така ја изневери. Заедно беа во брак 12 години, а имаат и две деца. Надал со Марија се ожени пред три години и го чекаат своето прво дете.