Најбогатата двојка на светот живее нормален живот

Кога Џеф Безос, најбогатиот човек на планетата, во 1994 година тргнал на патување во Сиетл не бил сам. Џеф не ја основал сам компанијата „Амазон“, компанија за која аналитичарите веруваат дека ќе станат прва билионска компанија во светот. Неговата сопруга Макензи цело време била со него.

Таа пишува романи и сите велат дека меѓусебно одлично се дополнуваат.

Во разговорот за CBS таа опишала каков ѝ бил животот со сопругот додека ја градел компанијата „Амазон“ од самиот почеток.

„Сакам да го следам сопругот постојано. Да гледам како минува низ авантурата во животот. Нема ништо подобро од тоа“, изјави Макензи.

Денеска Блумберг проценува дека Безос е тежок 104 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек во историјата, наведува Си-ен-ен.

Мекензи и Џеф за првпат се сретнале во компанијата за управување со инвестициски фондови „Д.Е. Шав“. Таа била научен соработник, а Џеф бил потпретседател.

„Мислам дека мојата сопруга е снаодлива, паметна и убава, но имав среќа што го видов нејзиниот живопис пред да ја запознаам, па точно знаев кои ѝ се предностите“, изјави Џеф во интервјуто за „Вог“.

Откако ја добила работата, станале канцелариски соседи.

„Цел ден го слушав тоа неверојатно смеење“, изјави Мекензи за „Вог“.

„Како да не се заљубиш во тоа смеење?“, прашува тој.

Џеф изјавил дека уште одамна знаел дека сака да се ожени со снаодлива личност.

„Никој не знае што мислиш кога ќе кажеш дека бараш снаодлива жена“, дополни Мекензи. „Ако кажаш некому дека бараш жена која ќе може да те извлече од затвор од Третиот свет, помислуваш на милијардерот Рос Перот“, вели таа.

Мекензи направила вистински потег и го повикала Џеф на ручек. Се свршиле во рок од три месеци, а се венчале по шест.

Тогаш Џеј ѝ кажал на сопругата за деловната идеја. Мекензи рекла „да“, иако не била по природа деловна личност. Можела да ја почувствува страста во гласот на сопругот кога ѝ раскажувал. Следната 1994 година ги напуштиле своите бизниси и отпатувале во Сиетл да ја основаат „Амазон“ компанијата.

Мекензи станала сметководител во „Амазон“ и била една од првите вработени во компанијата. До 1999 година двојката живеела во мала изнајмена куќа во Сиетл.

Денеска поседуваат пет куќи ширум САД, во Медина, Вашингтон, Беверли Хилс, Ван Хорн, Тексас и Менхетн. Џеф е 25. најголем земјопоседник во САД, според „Бизнис инсајдер“.

Но, до 2013 година Мекензи сè уште ги возела нивните четири деца во училиште со својата „хонда“, а потоа го оставала Џеф на работа. Семејниот пријател Дени Хилс изјавил за „Вог“ дека биле многу поврзано семејство, речиси необично.

Семејството потоа се придржувало на прилично нормална рутина. Безос наводно го започнува денот со здрав појадок. За да помине повеќе време со семејството, Џеф никогаш не договара утрински состаноци. Кога е во прашање образованието на нивните четири деца, Мекензи раскажала за „Вог“ дека  се обиделе со низа стратегии, вклучувајќи разни патувања, експерименти во кујни, инкубација на пилиња, кинеска програма со податоци од математика и многу спортски активности со деца од соседството.

Мекензи, некогашната помошничка на Тони Морисон, сега е писател. Кога треба да пишува, таа се повлекувала во својот мал стан, каде што пишувал додека дојде време да ги земе децата од училиште.

Често ќе ги оставала другите планови поради читање и внимателно прегледување на ракописот на својот прв роман „Испитување на Лутер Албрајт“.  Мекензи решила вториот роман „Стапица“ да не го сподели со сопругот додека не го заврши.

„Колку побрзо завршам, толку побрзо можам да го споделам со него и да разговарам за ликовите кои заземале толкав простор во мојата глава“, изјавила Мекензи за „Вог“.

Сепак, Мекензи не станала дел од Амазоновиот нов издавачки потфат.

„Ја нарекуваме плен кој побегна“, изјави Џеф за „Вог“. Мекензи изјавила дека нивните спротивставени личности меѓусебно се надополнуваат.

„Тој сака среќни луѓе, тој е многу друштвен тип, забавите за нас можат да бидат малку незгодни поради кратките разговори со голем број луѓе“, вели таа.

Џеф често купува облека за Мекензи.

„Некогаш ќе ја повикам и ќе ја прашам: ‘Која е твојата големина?’ А таа прашува: ‘Зошто?’ И јас ѝ велам ‘Да не ти е гајле!’ Одушевена е“, вели Џеф.

Извршниот директор на компанијата на „Амазон“ изјави дека го завршува денот со нешто што неговата сопруга многу го цени, миењето садови.

„Прилично сум уверен дека тоа е најсекси работа што ја правам“, изјави Џеф.

 

 

 

Scroll to Top