Најплатениот актер на светот, Марк Валберг, Новата година ја мина на Барбадос

Американскиот актер Марк Валберт (46) Новата година ја пречека со своето семејство на Барбадос, а неговите слики од плажата со молскавична брзина го обиколија светот и предизвикаа голем број коментари.

Марк покажа дека е во одлична форма, а неговите стомачни ги воодушевија жените.

Валберг празниците ги помина со сопругата Реом Дурам и четирите деца. На овој начин Марк ја прослави успешната 2017 година, во која заработи дури 68 милиони долари, и на тој начин го зазеде првото место на листата најплатени актери според магазинот „Форбс“.

Најголемиот дел од оваа сума Валберг ја заработи од филмовите Dady’s Home 2 и Transformers: The Last Night, но голем дел од приходот му донесе и рекламната кампања за AT&T, како и семејниот синџир ресторани за брза храна Wahlbergers.

 

Scroll to Top