Најсилното оружје на Трамп и Ким се првите дами Меланија и Ри

Сите веќе некое време зборуваат за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Тие би требало да се состанат на крајот на мај или на почетокот на јуни, но засега во јавноста не се соопштува точната локација.

Иако тој настан сега привлекува големо внимание, многумина се прашуваат дали двајцата лидери со себе ќе ги земат и своите сопруги.

Првите дами на САД и Северна Кореја, Меланија Трамп и Ри Сол Ју предизвикуваат голем интерес каде и да се појават, а се чини дека имаат повеќе сличности отколку што многумина мислат.

СЕМЕЈСТВОТО

Меланија Трамп е родена во 1970 година во градот Севница, во Словенија. Татко и Виктор Кнавс, сопственик на галерија на автомобили и мотори, бил член на словенската Комунистичка партија. Мајка и Амалија Кнавс се занимавала со дизајн на детска облека. Има сестра по име Инес и полубрат.

Се омажила во 2015 година за бизнисмен, а сега претседател на САД Доналд Трамп. По година дена брак го добиле синот Барон, а Меланија тогаш добила и американско државјанство.

 

Другарката Ри Сол Ју наводно е родена во периодот меѓу 1985 година и 1989 година, иако никој не ја знае точната година и кое е нејзиното вистинско име.

Нејзиното семејство било дел од севернокорејската политичка елита, а бројни извори тврдат дека таа целиот живот е одгледана за да му биде сопруга, како и останатите бројни девојки кои биле подготвени со години за негова венчавка.

Според претходните извештаи од Сеул, Ри се омажила за Ким во 2009 година, а следната 2010 го добиле првото дете. Второто дете им се родило во 2012 година.

 

Јужнокорејските медиуми пренесуваат дека сопругата на севернокорејскиот лидер се породила и во февруари минатата година. Според непотврдени информации, таа добила син.

ОБРАЗОВАНИЕ

Меланија на универзитетот во Љубљана завршила студии за дизајн и архитектура, а подоцна почнала интезивно да се интересира за модниот сектор. Говорела словенечки, српски, француски, германски и англиски јазик.

Ри Сол Ју завршила средно школо во Пјонгјанг и студирала музика во Кина, нешто што не е невообичаено, бидејќи е познато дека Ким бил обожавател на танцот и песните, а во жените гледал како некој чија должност им било да го забавуваат.

КАРИЕРА

Би можело да се каже дека двете први дами го сакаат шоубизнисот и дека пред да се омажат имале успешни кариери. Меланија манекенската кариера ја почнала на 16 години, а веќе на 18 години во Милано го потпишала првиот договор со агенција за модели.

Покрај кариерата на модел и самата дизајнирала неколку креации, но и формирала колекција на накит и производи за нега на кожа кои го носеле нејзиното име. Била на насловните страни на голем број на модни списанија.

 

 

 

Првата дама на Северна Кореја наводно некое време била дел од оркестарот Унхаус и имала неколку јавни настапи. Освен тоа, таа била и активна атлетичарка и натпреварувачка со Азиското атлетско првество, кое се одржувало во Јужна Кореја.

СТИЛ НА ОБЛЕКУВАЊЕ

Првата дама на Северна Кореја наводно некое време била дел од оркестарот Унхас и имала неколку јавни настапи. Освен тоа таа била и активна атлетичарка и натпреварувачка на Азиското атлетско првество, кое се одржувало во Јужна Кореја.

СТИЛ НА ОБЛЕКУВАЊЕ

И Меланија и Ри Сол Ју важат за модни икони. Првата дама на САД отсекогаш имала беспрекорен стил на облекување и за секоја прилика умеела да блесне.

Нејзините медни комбинации за време на посетата на Кина, Јужна Кореја, Јапонија и Германија привлекле големо внимание, а се чини дека во секој момент точно знаела што треба да облече.

Вредноста на облеката се мери во илјадници долари, а првата дама на САД сака да носи парчиња од познати модни дизајнери.

Што се однесува до првата дама на Северна Кореја, таа секогаш е елегантно облечена и не заостанува зад првите дами на останатите земји.

 

 

Таа го следела сопругот во моментите на неодамнешната посета на Кина и добила големи пофалби на сметка на својот изглед.

ГО ПОПРАВААТ ИМИЏОТ НА НИВНИТЕ СОПРУЗИ

Ри Сол џу, сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун, неодамна ја добила титулата на прва дама наместо вообичаената другарка од страна на државните медиуми, нешто што аналитичарите го гледаат како сигнал на еволуција во структурата на власт во таа држава.

Многумина исто така приметиле дека Ким се почесто во јавноста се појавува во друштво на неговата помлада сестра, една од ѕвездите на Зимската олимпијада во Пјонгјанг, каде престојува како негов претставник, како и со својата сопруга.

Изгледа дека Ким се обидува со ставањето на жените од својот живот во прв план, да си го подобри имиџот на својата влада.

Трамп исто така ја користи секоја можност да се појави во друштво на својата сопруга Меланија. Таа во моментов е во САД ѝ ужива поголема популарност од нејзиниот сопруг.

ВО ЈАВНОСТА СЕ ЗБОРУВАЛО ДЕКА МАЖИТЕ ГИ ИЗНЕВЕРИЛЕ

Веќе некое време целиот свет зборува за наводната афера на Доналд Трамп и порно ѕвездата Сторми Даниелс. Јавноста константно бара нови детали поврзани за наводното неверство, а Меланија по ова прашање не се огласувала премногу.

Ким Џон ун наводно имал голема љубов пред да се ожени. Во прашање била познатата севернокорејска пејачка Хјон Сонг Вол.

Неговиот татко Ким Џонг ли, не го одобрувал тој однос, па двојката раскинала. По смртта на Ким Џон ли, во декември 2011 година, се претпоставувало дека двојката ја продолжила својата врска.

Според извештаите на јужнокорејските известувачки служби, гласините за нивната афера кружеле меѓу елитата во Пјонгјанг. Ким тогаш според официјалните податоци веќе на големо бил во брак со Ри Сол ју.

 

 

Scroll to Top