Најстрогиот судија во „X Фактор“ падна од скалите и заврши во болница

By

Сајмон Кауел се онесвестил и паднал низ скалите во својот дом во Лондон.

dobivaj vesti na viber

Веднаш бил префрлен во болница откако се онесвестил, а после неколку часа се разбудил и ја напуштил болницата која била опколена со новинари. Пред нив најстрогиот судија на „Х Фактор“, опиша во кратки црти што му се случило.

„Околу 7:30 утрото тргна да земам филџан топло млеко за да се расонам, но изненадувачки изгубив свест и паднав низ скалите. Имам потрес на мозокот, но се беше во ред“, порача Сајмон кој не можеше да ги сокрие модриците.

Засега не е познато која е причината поради која се онесвестил во својот дом, а британските медиуми потсетуваат дека Сајмон во јули целосно пропуштил неколку снимања од емисијата „Х Фактор“, поради мистериозна болест.

Ќе ви се допадне