Манекенката Наоми Кембел доби почесен докторат за нејзиното влијание во модната индустрија на Универзитетот за креативни уметности во Велика Британија.
Супермоделот излезе на сцената во лондонската Ројал Фестивал Хол, каде одржа емотивен говор.
Queen of all queens #NaomiCampbell is now officially a doctor! The supermodel received an honorary doctorate today at the University of the Creative Arts graduation! 🎓 pic.twitter.com/nEw3Zr9JSg
— PERFECT (@theperfectmag) July 7, 2022
Манекенката од свои 15 години е во светот на модата. Таа остави траен белег на глобалната модна индустрија.
Од нејзината посветеност на активизмот и добротворната работа до голем број титули. Таа беше првата црна манекенка која се појави на насловната страница на „Тајм“, францускиот „Вог“ и рускиот „Вог“.