Наоми Кембел неодамна се отвори за нејзината борба за мајчинство и шпекулациите дека децата ги родила преку сурогат мајка.
Иако тоа е тема за која со години избегнуваше да зборува, сега гордо зборуваше за родителството и одлуката да биде самохрана мајка.
Педесет и четиригодишната манекенка минатата година роди син, а во 2021 година ќерка, а сега за „Тајмс“ потврди дека децата ги родила со помош на сурогат мајка.
„Моите деца ми се сè. Тоа ме натера да се плашам за иднината. Се надевам на подобар свет за моите деца. Тие се 110% мојот приоритет. Морам да бидам тука за нив на нивниот прв ден на училиште“, посочи таа.
Поранешниот супермодел истакна и дека и е тешко кога слуша дека се помалку млади девојки се одлучуваат да имаат деца поради нивната тешка финансиска состојба.