Наоми Кембел стана мајка на 50 години

Британскиот супермодел Наоми Кембел (50) стана мајка. Веста ја со светот ја сподели денес преку фотографија објавена на Инстаграм, без да открие детали за околностите како станала мајка.

„Убав мал ангел ме избра мене да бидам нејзина мајка“, Толку ми е чест што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, што нема зборови кои ја опишуваат доживотната врска што сега ја споделувам со тебе, ангелу мој. Нема поголема љубов“, напиша таа под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Пред две години Кембел во интервју за WSJ Magazine во 2019 година откри дека не е подготвена за мајчинство на 49 години. „Сè уште не, ќе видам што ќе ми донесе универзумот“, рече тогаш таа.

Scroll to Top