На Меган Маркл ѝ е нарушено менталното здравје, тврдат нејзините адвокати. Тие велат дека британските медиуми и наштетиле на психичката состојба на Меган, особено за време на нејзината бременост.
Како што е познато, Меган заедно со својот сопруг Хари се откажа од кралските должности за да може на некој начин да ги оправда своите постапки. „Дејли Мејл“ пишува дека таа признала дека се чувствува незаштитено од страна на кралските иституции.
Тие не ја одбраниле кога медиумите излегле со приказни за неа кои меѓу останатото ѝ нанеле и душевна болка.
Весникот наведува дека службениците во палатата тоа не можеле да го демантираат, затоа што било вистина.
„Тие приказни беа како капка во океанот во споредба со она што навистина се случуваше во палатата“, тврди изворот.
Адвокатите на Меган тврдат дека таа станала предмет на бројни лажни текстови во британските медиуми, кои и предизвикале емоцинален стрес и кои и наштетиле на нејзиното здравје.
„Пријателите никогаш претходно не ја виделе во таква состојба и се грижеа со право, особено додека беше бремена и незаштитена. И беше забрането да се брани“, додал изворот.
Ваквите тврдења ги зголемуваат шансите за персоналот од палатата биде повикан да сведочи на суд. Освен тоа, Меган го тужела и уредникот на MailOnlinе, поради текст во кој било објавено писмото кое таа му го испратила на нејзиниот татко Томас Маркл.
Со таквата објава Меган вели дека и била прекршена нејзината приватност, но од весникот ги демантирале таквите тврдења.