Нарушено здравјето на Меган

By

На Меган Маркл ѝ е нарушено менталното здравје, тврдат нејзините адвокати. Тие велат дека британските медиуми и наштетиле на психичката состојба на Меган, особено за време на нејзината бременост.

Како што е познато, Меган заедно со својот сопруг Хари се откажа од кралските должности за да може на некој начин да ги оправда своите постапки. „Дејли Мејл“ пишува дека таа признала дека се чувствува незаштитено од страна на кралските иституции.

Тие не ја одбраниле кога медиумите излегле со приказни за неа кои меѓу останатото ѝ нанеле и душевна болка.

Неделава до Врховниот суд биле доставени документи во кои адвокатите на Меган навеле дека таквите објави во медиумите и наштетиле на нејзиното ментално здравје, во периодот додека била бремена.

Освен тоа, во документите било наведено дека Меган била незаштитена и дека и било забрането да се брани од страна на кралските институции.

Извор за светските медиуми потврдил дека овие наводи се однесуваат на службениците во медиумите и поширокиот персонал во палатата. Службениците често одбивале да коментираат, како би ги потврдиле или демантирале приказните кои се однесуваат на кралското семејство.

Во британскиот дневен весник The Times излезе приказна дека Меган и Хари биле одговорни за оставката на нивната службеничка Мелиса Тоубати, која дури во повеќе наврати плачела, затоа што не можела да ги издржи наредбите на својата заповедничка.
DUBLIN, IRELAND – OCTOBER 17: Meghan Markle Amrican actress, spokesperson and model attends the ‘Bridging the Gender Gap’ special session at the Convention Centre on October 17, 2014 in Dublin, Ireland. The summit, which is in its fifth year, connects and guides young talent from around the world with global leaders and public figures acting as One Young World counsellors. This year’s theme is Peace and Conflict Resolution and will use Ireland’s history as an example to guide discussion. (Photo by Clodagh Kilcoyne/Getty Images)
Весникот наведува дека службениците во палатата тоа не можеле да го демантираат, затоа што било вистина.
„Тие приказни беа како капка во океанот во споредба со она што навистина се случуваше во палатата“, тврди изворот.
Адвокатите на Меган тврдат дека таа станала предмет на бројни лажни текстови во британските медиуми, кои и предизвикале емоцинален стрес и кои и наштетиле на нејзиното здравје.
„Пријателите никогаш претходно не ја виделе во таква состојба и се грижеа со право, особено додека беше бремена и незаштитена. И беше забрането да се брани“, додал изворот.
Ваквите тврдења ги зголемуваат шансите за персоналот од палатата биде повикан да сведочи на суд. Освен тоа, Меган го тужела и уредникот на MailOnlinе, поради текст во кој било објавено писмото кое таа му го испратила на нејзиниот татко Томас Маркл.
Со таквата објава Меган вели дека и била прекршена нејзината приватност, но од весникот ги демантирале таквите тврдења.

 

Ќе ви се допадне