Не дрогираше за да го издржиме сексот: Тајните на Плејбој откриваат детали за Хју Хефнер

На интернет се појави видео од Холи Медисон, една од најпознатите девојки на Хју Хефнер, како зборува за животот со него. Се работи за нов клип од серијата „Тајните на Плејбој“, каде таа и останатите Плјебој зајачици откриваат непознати детали нивниот живот. Во него Медисон вели дека била во кругот на ужасни нешта што се случувале во озогласената Плејбој вила. Таа додаде и дека покојниот Хефнер брзо ги губел нервите кога ќе направела нешто со кое не се согласувал.

Сондра Теодор, една од девојките од вилата, ја потврди нејзината приказна. Таа во истото видео тврди дека сите постојано биле дрогирани и дека таквиот живот бил исцрпувачки.

Се споменува и дека Хефнер ги дрогирал пред секој секс. Наводно на девојките им давал Quaaludes, денеска познат и како „метаквалон“, дрога што често се користи за подобрување на сексот, но и како седатив по кој девојките брзо губеле свест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Holly Madison (@hollymadison)

Во десетчасовниот документарец, Медисон говори за емотивната борба која ја доживеала додека била во вилата пред смртта на Хефнер, во 2017 година, кога тој имал 91 година. Таа во еден дел открива дека по шест месеци живеење во вилата со група идентични русокоси убавици, Хеф полудел и почнал да ѝ вика откако ја скратила долгата коса.

„Се вратив со кратка коса и Хефнер ме искара, викаше и рече дека сега изгледам старо, излитено и евтино“, вели таа во видеото.

Ова не е првпат јавно да говори за нејзиниот живот во вилата. Таа претходно зборуваше за случувањата во Плејбој вилата, во своите мемоари од 2015 година.

Серијата „Тајните на Плејбој“, премиерно ќе започне да се прикажува во јануари 2022 година.

Претходно за својата врска со починатиот основач на магазинот Плејбој говореа и близначките Шенон, кои исто така му беа поранешни девојки на Хју Хефнер.

Scroll to Top