Не ја обвинувам поротата, тој е фантастичен актер, рече Амбер Херд во првото интервју по судењето со Џони Деп

Амбер Херд ќе има прво интервју по судењето на поранешниот сопруг Џони Деп. Амбер во интервјуто вели дека не ја обвинува поротата за пресудата, бидејќи таа смета дека одлуката била донесена врз основа на тоа што Џони Деп е позната и влијателна личност и таа смета дека тој е фантастичен актер.

„Не ми е грижа што мисли некој за мене или какви пресуди се донесени за она што се случи во приватноста на мојот дом, во мојот брак, зад затворените врати. Мислам дека просечниот човек не треба да ги знае овие работи и затоа не го сфаќам тоа лично. Но, дури и некој кој е сигурен дека ја заслужувам сета оваа омраза и гнев, дури и ако мислите дека лажам, сепак не можете да ме погледнете во очи и да ми кажете дека мислите дека на социјалните мрежи сè беше чесно прикажано. Не можете да ми кажете дека мислите дека тоа беше фер“, рекла Амбер во ексклузивното интервју кое денеска ќе се емитува на американската телевизија.

Scroll to Top