Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар јавно ѝ се извини на девојката Бруна Бјанкарди затоа што ја изнвери со старлетата Селест Брајт. Ја замоли за прошка за грешките кои ги направил.
„Бру, ова го правам за тебе, нашето бебе и твоето семејство. Сакам да објаснам нешто што е необјасниво. Не требаше, но ми требаш во животот. Гледам колку страдаше заради мене. Гледам колку сакаш да бидеш до мене. Веќе те замолив да ми простиш за грешките што ги направив. Прости ми што непотребно те изложувам во јавност, но чувствувам обврска. Ако приватен проблем стане јавен, тогаш и извинувањето мора да биде јавно“, рече Нејмар.
Откако призна дека ја изневерил реагираше и Брајт која прво објави пост, а потоа го избриша профилот.
„Ако имате девојка или жена, не праќајте пораки на други жени. Тоа е погрешно и покажува големо непочитување кон личноста со која сте“, напишала Брајт.
Голем број од фановите го критикуваа фудбалерот и му напишаа дека требало да се засрами.
„Не знам како не се срами да го прави ова додека има бремена девојка дома. Срамота. Сè уште не сфатил, нема ни да научи“, му коментирале тие.
За потсетување, Нејмар и Бруна во април објавија дека го чекаат своето прво дете. Двојката се забавуваше две години, а тој го има и 12-годишниот син Дави Лука од претходната врска со Каролина Дантас.