Пејачката Пинк моментно престојува во Њујорк, каде што две вечери ќе настапува во „Медисон сквер гарден“. Но, кога го напуштала хотелот, ѝ пришол непознат маж, кој ѝ врачил документ за кој медиумите сметаат дека е судско писмо.
Пред хотелот во кој престојувала Пинк меѓу многубројните папараци и фанови бил и непознат маж кој сакал да ѝ даде писмо. Нејзиното обезбедување веднаш реагирало со оглед на тоа дека Пинк го носела во рацете својот едногодишен син Џејмисон. Според „Дејли мејл“, се работи за судски повик за случајот со сексуално насилство во кој главни протагонисти се пејачката Кеша и продуцентот Лукаш Себастијан Готвалд.
Кеша пред една година го обвини продуцентот за силување, момент што детаљно го опиша во својата песна Praying, а Пинк е вмешана во случајот бидејќи соработувала со него и јавно ја коментирала ситуацијата.