Филмовите во кои глумел холивутскиот актер Џони Деп избришани се од популарните стриминг-платформи Netfliks во Америка и Австралија. Светските медиуми пренесуваат дека “Netfliks USA” и “Netfliks Australija” донеле одлука да не се прикажуваат и да се избришат од понуда сите филмови во кој глуми славниот глумец.
Како што се наведува, причината за тоа е неодамнешната одлука на судот кон Деп кој е осуден за злоупотреба на бившата жена, пренесува „The Sun”.
Џони го тужел британскиот “The Sun” и неговиот извршен уредник Ден Вутон поради клевета за написот од 2018 година во кој го нарекол „човек која ја тепа својата жена“. Актерот после две години го загубил спорот вреден два милиоини долари. Набрзо потоа, тој остана без улога во познатиот филм “Фантастични ѕверови“. Актерот најави жалба на одлуката на англискиот суд, но во меѓувреме поради овој случај тој доби сериозен удар врз неговата кариера и тешко ќе се врати на вистинскиот пат.