Никогаш не сум запалила цигара во мојот живот, рече актерката Кејти Грифин по дијагностицирањето рак на белите дробови

Познатата американска комичарка и актерка Кејти Грифин (60) преку својот твитер-профил објави дека ѝ дијагностицирале рак на белите дробови и половина од нејзините бели дробови ќе бидат отстранети истакнувајќи дека никогаш во животот не запалила цигара.

Грифин откри дека набргу ќе оди на операција.

„Лекарите се многу оптимисти бидејќи ракот не напредувал многу, но го зафати левото белодробно крило“, напиша таа во својата објава.

Таа додаде дека се чувствува добро и дека не ѝ се потребни дополнителни терапии – хемотерапија или зрачење.

„За еден месец или помалку, ќе трчам како порано“, напиша Кејти.

Изминативе неколку години Грифин се соочи со голем број деловни проблеми откако во 2017 година објави озлогласена фотографија, каде што држи отсечена глава од кукла која го има ликот на тогашниот американски претстедател Доналд Трамп. Таа беше жестоко критикувана од јавноста и медиумите, дури ѝ беше забрането да се појавува.

 

Scroll to Top