Никогаш немав проблем со девојките, ама наидов на тврд орев: Володимир и Олена Зеленски

Володимир и Олена Зеленски се родени во градот Криви Рих, на југот од Украина. Тие оделе во исто училиште, но не се познавале кога биле деца. Години подоцна Володимир со своите пријатели се враќал од театар. На улица сретнале две девојки и така Зеленски ја запознал својата идна сопруга, пренесува Stopru.

„Никогаш не сум имал проблем со девојките. И одеднаш наидов на тврд орев. Сакам да ја освојам, а таа не се даваше. Подоцна успеав, а чувствата преминаа во љубов“, раскажал Зеленски за својата сопруга.

Олена студирала градежен факултет на Националниот универзитет во Киев. Володимир, пак, студирал право на Економскиот институт во истиот град.

Таа, сепак, никогаш не работела на својата професија, туку кариерата ја изградила врз основа на шоу-бизнисот, а јавноста ја запознала како пишувач на сценарија во студиото „Квартал 95“, кое во почетокот на 2000-тите години го основал Зеленски со своите колеги.

Олена и Володимир се во брак од 2003 година. Володимир осум години бил со неа во љубов пред да ја побара за жена. Ги имаат 18-годишната ќерка Александра, која е актерка, и 10-годишниот син Кирил.

Олена Зеленска има 44 години. Таа е засега најмладата прва дама на Украина. За разлика од нејзините претходнички, таа има и поинаков стил на облекување.

Дизајнерот Андреј Тишченко, кој работи кај Володимир Зеленски и ја познава Олена, изјавил дека Олена сака покласичен изглед за разлика од Марија Порошенко, сопругата на Петар Порошенко.

„Лена сака сè да е резервирано, многу скромно, вкусно. Таа секако повеќе сака класични парчиња отколку облека со некои национални симболи, како, на пример, Марија Порошенко. Сè е со вкус кај неа“, изјавил дизајнерот и додал дека Олена целиот свој живот се однесува како вистинска дама.

Олена Зеленска признала дека на почетокот агресивно реагирала на вестите за кандидатурата на својот сопруг за местото претседател на Украина. Набргу потоа сепак го поддржала својот сопруг и сè повеќе се појавува во неговиот штаб во кампањите и во јавноста.

„Отворено бев против овој проект од почетокот затоа што ова е тежок проект, не проект, туку нов правец во животот. Се обидов да го заштитам својот сопруг“, изјавила таа за украинска телевизија.

 

Олена во Украина ја сметаат за тивка и повлечена жена, која не се меша во политиката. Таа е вистинска прва дама на Украина, а изјавила и дека нејзиниот сопруг не се консултира со неа за прашања во врска со политиката, а единствениот совет што му го дала е што помалку да комуницира со медиумите.

 

Scroll to Top