Николас Кејџ чека бебе со 30 години помладата сопруга

Актерот Николас Кејџ (58) третпат ќе стане татко. Тој и неговата петта сопруга, Рико Шибата (27) чекаат бебе. Веста дека ќе стане татко, Кејџ ја откри во шоуто на Кели Кларксон, каде што гостуваше за да го промовира својот нов филм „Неподнослива тежина на масивниот талент“.

Додека зборувал за својот брат и музиката што ја слушале додека биле деца, тој рекол: „Инаку, сакам да споделам со вас една одлична вест. Ќе имам девојче. А нејзиното име ќе биде Ленон – Ленон Оги, во чест на татко ми. Можам да ја наречам Лени. Многу сум возбуден“.

Кејџ додал и дека тоа ќе биде најголемата авантура во неговиот живот.

Ленон Оги ќе биде првата ќерка на Николас Кејџ. Тој има и два сина, Вестон Копола Кејџ, кој сега има 32 години и кој е роден од врската со актерката Кристина Фултон и Кал-Ел (17) кого го доби од бракот со третата сопруга Алис Ким. Кејџ има и два внуци од најстариот син Вестон, родени во 2014 и 2016 година.

Scroll to Top