Холивудскиот глумец Николас Кејџ (58) и неговата триесет години помлада жена Рико Шибата добија ќерка, која ја нарекоа Август Франческа Копола Кејџ.
„Николас и Рико го добија своето девојче. Мајката и бебето се добро“, изјави портпаролот на актерот за магазинот „Пипл“.
Николас и Рико се во брак од лани. Тој зад себе има четири брака, а покрај ќерката има и два сина – Вестон и Кал-Ел. Ова е прво дете за Рико.