Пејачката Нина Бадриќ (53) го поминува летото претежно одмарајќи се на хрватскиот брег, а сега покажа колку ужива во тоа.
Имено, Нина сподели фотографии со своите следбеници на Инстаграм од луксузната јахта на која е со две кучиња кои ѝ прават друштво. Таа позираше во костим за капење, а насмевката од лицето не ја тргна.
Објавата предизвика позитивни реакции, а Нина доби голем број комплименти за нејзиниот изглед.
„Нина, прекрасна си“; „Влажна коса, кожа, кучиња, уживање“; „Секогаш убава и насмеана“; „Само вакви денови, а ти си прекрасна“; „Секогаш убава“, напишаа нејзините следбеници.