Хју Џекмен и Сатон Фостер првпат прошетаа по црвениот тепих како пар. Иако актерите претходно се појавија заедно на гала настани, додека глумеа во бродвејскиот мјузикл „Музичкиот човек“, ова е нивно прво заедничко излегување откако почнаа да се забавуваат, објавува Just Jared.
Хју, 57, беше придружуван од неговата партнерка Сатон, која е седум години помлада, на премиерата на неговиот нов филм „Song Sung Blue“. Церемонијата се одржа вчера, како дел од AFI Fest во познатиот кинески театар TCL во Холивуд.
Џекмен веќе доби пофалби од критичарите за својата работа во претстојната музичка драма, а многумина предвидуваат номинација за Оскар за него. Во филмот, тој игра пејач кој му оддава почит на музичката легенда Нил Дајмонд. „Song Sung Blue“ излегува во кината на Божиќ, 25 декември.
Хју се разведе по 27 години брак
Џекмен почна да се забавува со Сатон Фостер во јануари оваа година, само неколку месеци откако објавија дека се разделуваат во септември 2024 година. Двојката беше во брак 27 години и имаат две посвоени деца заедно – Оскар (25) и Ава (19).
Се вели дека нивниот брак почнал да се распаѓа за време на пандемијата, во кое време Џекмен почнал интензивно да работи со Фостер на бродвејската претстава „Музичкиот човек“. Фостер во тоа време сè уште била во брак со продуцентот Тед Грифин, но двајцата сега се во процес на развод. Џекмен и Фостер беа видени заедно во јануари како излегуваат од ресторан во Лос Анџелес држејќи се за раце.
Фото: ЕПА






