Откако Џенифер Анистон објави дека се разведува од Џастин Теру, во медиумите се појавија разни информации дадени од блиски пријатели на познатата двојка.
За само неколку дена странските медиуми напишаа разни приказни за животот и Џенифер Анистон и Џастин Теру. Некои тврдеа дека парот имал проблем со местото на живеење, но исто така и дека на Џенифер ѝ пречела екстремната блискост на Џастин и Наоми Вотс.
Според најновите информации од списанието Us Weekly, нивниот брак дополнително се влошува бидејќи Теру ја нашол романтичната порака што Бред Пит ѝ ја напишал на Џенифер пред околу десет години, која таа никогаш не ја фрлила.
Иако Џенифер му објаснила дека нема ништо лошо во тоа, поради љубовната порака, Џастин се чувствувал многу несигурно за цело време додека бил со Анистон.