Новинарката која го освои принцот и покрај тоа што свекорот ја нарекуваше слугинка: Животната приказна на кралицата Летиција

Шпанска кралица Летиција (49) важи за една од најубавите жени во светот и модна инспирација за голем број жени.

Летиција Ортиз Рокасолано официјално стана кралица во 2014, кога нејзиниот свекор кралот Хуан Карлос Први абдицира од тронот и му ја предаде власта на неговиот син Фелипе Шести. Таа пораснала во семејство од средната класа, со уште две сестри. Нејзиниот татко бил новинар, а мајка ѝ медицинска сестра.

Во средношколските денови почнала да се забавува со Алонсо Гереро Перез, кој подоцна станал наставник по литература. Тие биле 10 години во врска, по што се земале. Но по само една година брак, се развеле во 1999-та година. Гереро ја напишал книгата El Amor de Penny Robinson за која тврди дека бил инспириран од нивниот брак и развод, но и од врската на неговата поранешна сопруга со шпанскиот крал. Сепак оваа книга е фикција и не е базирана според вистинска приказна.

Летиција тргнала по стапките на татко ѝ, па се запишала на студии за новинарство. Работела во повеќе познати медиуми, за време на нападите на 11-ти септември 2001-та година, била репортерка на терен за шпанските новински агенции.

Следната година, додека била во северна Шпанија каде требало да известува за потонувањето на танкерот Prestige и за еколошката катастрофа го запознала Фелипе, кој тогаш бил принц, со кого претходно се сретнала на забава кај заеднички пријател. Меѓу нив се родила огромна љубов, па неколку месеци тајно се забавуале, пред јавно да ја објават свршувачката во 2003 година.

Шпаниците уште тогаш биле воодушевени од новата принцеза, бидејќи доаѓала од народот, па често ја често ја нарекувале „кралица за 21-иот век“. Но, конзервативците во главно биле против изборот на Фелипе, бидејќи таа веќе еднаш била во брак. Па некои од медиумите ја обвиниле дека во минатото имала абортус. Некои од нив, пак, пишувале дека кралот на Шпанија воопшто не бил среќен затоа што Летиција потекнувала од народот, а му пречела и нејзината претходна професија како новинар, па често во кругот на пријателите ја ословувал како „слугинката“.

Прво се венчале пред матичар, а откако потврдиле дека таа не била венчана во црква со првиот сопруг, во 2004-та година имале и црквена церемонија бидејќи немале никави пречки да стапат во брак.

Tие ги имаат ќерките Леонор и Инфанта Софија.

По бројните скандали, во 2014-та година, кралот Хуан Карлос абдицира од тронот на Шпанија, по што неговиот син Фелипе стана крал, а Летиција Кралица. Како главен столб, таа успеа да го поправи имиџот на семејството, благодарение на нејзиното во работата со медиумите.

Денес, таа е модна инспирација за многу жени во светот. По натписите во медиумите дека направила операција на носот, Летиција призна дека ја направила поради проблеми со дишењето.

 

Scroll to Top