Новиот Бонд филм одложен по трет пат

By

Oбјавувањето на новиот филм за Џејмс Бонд е одложено по трет пат поради пандемијата на коронавирусот.

Филмот „Не е време за умирање“ (No Time To Die) веќе двапати беше откажан, а новиот датум е за светската премиера е закажан на 8 октомври, се вели во објавата на официјалната веб-страница на филмот.

Првично требаше да се појави на филмското платно во април 2020 година.

Филмот е 25-тото продолжение во франшизата на Бонд и го одбележува последното појавување на актерот Даниел Крег во улога на 007 агент.

Фановите чекаат нов филм за Џејмс Бонд уште од „Спектра“ од 2015 година, со што ова е една од најдолгите паузи меѓу два филма.

На почетокот на оваа недела, водечките режисери вклучувајќи ги Дени Бојл и Сер Стив Мартин повикаа на финансиска поддршка од владата на Велика Британија затоа што поради целата ситуација со пандемијата, кино салите во се на работ на егзистенција без никаков профит.

Ќе ви се допадне

Watch Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen Episode Preview (https://animeflix.nl/m/0ew6/ep-1) at website https://animeflix.nl. See more fire force animeflix

Watch Redo of Healer Episode 1 Uncen at website https://animefreak.ws anime freak tv