Идрис Елба се смета за еден од најизгледните кандидати кој ќе го замени Даниел Крег во улогата на тајниот агент Џејмс Бонд.
Британскиот актер веќе во неколку наврати се споменува како актер кандидат за новата улога на тајниот агент Џејмс Бонд. Погодувањата се уште продолжуваат и името на Идрис се споменува како најизгледно решение откако Даниел Крег ќе ја напушти франшизата.
Навестувањата дека 45 годишниот актер ќе ја превземе престижната филмска улога, се зголеми, откако продуцентот на филмот Барбара Броколи изјави дека е време, новиот Џејмс Бонд да го глуми некој кој не е белец.
Последните неколку години многу се зборуваше за глумците кои конкурираа за улогата, а името на Идрис беше меѓу првите кои се спомена во 2014 година. Актерот ги негираше ваквите наводи, во неколку прилики, дури изјави дека е време жена да ја превземе улогата.
Освен Идрис, во врска со Џејмс Бонд се споменуваа имињата на Џејмс Нортон, Том Харди и Аидан Тарнер.
Актуелниот Џејмс Бонд, Даниел Крег, кој сними веќе четири филма, последен пат во оваа улога ќе се појави во филмот кој во кината се очекува да се појави во октомври 2019 година, а снимањето почнува во декември оваа година.
Доколку Идриса ќе го гледаме како најпознат таен агент, тој во историјат аќе влезе како прв афроамерикански актер кој играл во оваа улога.