Новиот дел на прочуената франшиза за Џејмс Бонд меѓу останатото ќе се снима и во Хрватска, пренесуваат медиумите.
Новото продолжение на „Бонд“, има работен наслов „Шатерханед“, а иако Даниел Крејг (49) говорел дека првично би си ја скршил раката, отколку да сними нов филм за Бонд“, и во овој филм ќе биде главен таен агент.
Очекуваните локации за снимањето на филмот се Хрватска (се зборува дека во прашање е Дубровник), југот на Франција и Јапонија.
Данијел Крег во новото продолжение „Џејмс Бонд“, ќе се бори против слеп негативец, ќе започне бурна врска со филмската ѕвезда Тилин Мијној, ќе има подводна блиска средба со смртта, а сценаристите од овој проект очекуваат дка ќе биде одличен продолжеток на „Спектре“.
Снимањето во Хрватска би требало да почне на крајот на годината, а новиот Џејмс Бонд, во кината би требало да се појави на крајот на 2019 година.