Додека сите ја очекуваат венчавката на најпопуларната кралска двојка, принцот Хари и глумицата Меган Маркл, пристигнуваат првите фотографии од филмот за младата двојка.
Остварувањето „Меган и Хари: Кралска романса“ на малите екрани ќе биде прикажан неколку дена пред самата венчавка, односно на 13. мај.
Филмот ја следи љубовната приказна на Хари и Меган, од моментот кога се запознале, биле пријатели, потоа својата романса ја криеле од јавноста, и секако свршувачката.