Концертот на Роби Вилијамс во Сиднеј го одбележа немил настан.
Имено, додека публиката ги пееше хитовите на познатиот пејач, една од обожавателите се обиде да прескокне неколку редови за да биде што поблиску до поп ѕвездата.
Според првите информации, оваа 70-годишна жена се лизнала и паднала низ шест реда седишта на стадионот Алијанц.
Таа се здобила со повреди на главата и лицето за време на инцидентот и итно била пренесена во болница во критична состојба.
Повредената обожавателка е во кома и ќе биде на интензивна нега, пишува Дејли Мејл.