Обожавателите на пејачката Тејлор Свифт купуваат и носат пелени за возрасни за да не пропуштат ниту една песна на поп ѕвездата за време на нејзините тричасовни концерти на турнејата „Ерас“.
Видеа од фанови кои носат пелени се шират на социјалната мрежа Тик ток, каде споделуваат и искуства.
„Колку бев под стрес и колку време ми требаше да набавам карти. Купувам пелени за возрасни бидејќи не планирам да пропуштам ни минута од концертот“, открил еден корисник.
@therealkatherine hit me up for the adult diaper plug 😂😂 #erastour #taylorswift #taylornation @taylorswift @taylornation #houstontaylorswift #erastourhouston ♬ original sound – katherine | latina creator
Друг фан пак покажал како се мачела да го навлече фустанот над пелената.
„Никој не знае дека носам пелена поради ова“, изјавила друга обожавателка која се снимала на концертот.
Еден од нив кој присуствувал на настапот на Свифт на дожд, напишал: „Осипот од пелена и нозете во вода вредеа за моментот кога Тејлор погледа директно во нас“.
@ilovejalepenochips #glendaletstheerastour #erastourtaylorswift #taylorswift ♬ our song sped up – songs !
Инаку, песната You’re Losing Me од мегапопуларната Тејлор Свифт, која се уште не е објавена на стриминг сервисите, веќе е во тренд на Тик ток и стана една од најпопуларните песни во моментов.
@sillygrlera the diaper rash and trench foot was worth this moment of taylor looking right at us💕 #delulu #taylorswift #erastour #foxboroughnight2 #gillettestadium #gilletten2 ♬ original sound – caylee