Американска актерка и активистка Миа Фароу (77) кариерата ја започна со манекенство, а стекна светска популарност со бракот со Френк Синатра, а подоцна и со улогата во филмот „Бебето на Розмари“ во режија на озогласениот режисер Роман Полански.
Родена е на 9 февруари 1945 година во Лос Анџелес, татко ѝ бил филмски режисер, а мајка ѝ актерка. Таа живееше со своите седум браќа и сестри и нејзините родители алкохоличари, па нејзиното детство беше мошне тешко. Најстариот брат Мајкл загина во авионска несреќа кога имаше само 19 години, а брат ѝ Патрик се самоуби во 2009 година, додека Џон беше осуден на десет години затвор за злоупотреба на деца во 2013 година, пишува Wanted.
Таа порасна во Беверли Хилс, Калифорнија, каде повремено учествуваше во претстави, а на само две години глумеше во краток документарен филм. Беше воспитана како католик и посетуваше училиште во кое раководеле калуѓерки. На деветгодишна возраст се зарази со детска парализа, па помина три недели во изолација. Таа едва преживеа од вирусот што во тоа време пустошеше низ Лос Анџелес.
Во јули 1966 година, Миа се омажи за познатиот пејач и актер Френк Синатра во Лас Вегас. Тогаш таа имаше 21, а Френк 50 години. Тој сакаше таа да се откаже од својата филмска кариера, што и го направи во еден момент. Но на крајот ѝ здодеа и се согласи да глуми во филмот „Бебето на Розмари“. Тоа доведе до големи расправии меѓу нив, па по започнувањето на снимањето на филмот, адвокатот на Синатра ѝ ги предаде документите за развод. Но, сепак тие останаа пријатели до неговата смрт.
Во едно свое интервју, таа рече дека подоцна сфатила дека најголемиот проблем меѓу нив била разликата во годините и се сеќава дека тогаш била обична тинејџерка, а не некој кој е подготвен за брак.
Во септември 1970 година, Миа се омажи за композиторот Андре Превин во Лондон, откако остана бремена со близнаците Метју и Саша. Кога се запознале, Первин сè уште беше во брак, но кога таа останала бремена, ја оставил сопругата и поднел барање за развод. По четири години, тие го добија синот Флечер. После девет години брак, тие се разведоа оти меѓу нив немало повеќе љубов.
По нивиот развод, Миа го посвои двегодишниот Мозиз од Кореја, кој боледува од церебрална парализа. А истата година, почна да се забавува со филмскиот режисер Вуди Ален. За време на нивната врска, Миа глумеше во дури 13 филмови. Потоа ја посвои и Дилан, а во 1987 година, го роди синот Ронан, именуван по омилениот бејзбол играч на Ален.
Во јануари 1992 година, Миа откри фотографии од по што ја прекина својата врска со режисерот. Во 1997 година, тој се ожени со 35-годишната Корејка, неговата посвоена ќерка, која никогаш не прозбори со Миа по скандалот со фотографиите.
Миа одгледа 14 деца, од кои четири се биолошки и десет посвоени од целиот свет: ќерките Ларк, Самер, Сун-Ји, Дилан, Там, Квинси и Френки-Мин, како и синовите Мозес, Исак и Тадеус.
Но во 2000 година, нејзината ќерка Там почина на 17 годишна возраст. Актерката изјави дека таа умрела од случајно предозирање со лекови за главоболка, кои ги добила на рецепт. Но, нејзиниот постар брат Мозес во мај 2018 година рече дека тоа не е вистина и дека слепата Там си го одзела животот откако се расправала со Миа. Во 2016 година, нејзиниор син Тадеус си го одзеде животот на 29-годишна возраст, откако раскинал со девојката. Додека, пак, ќерката Ларк, почина во 2009 година на 35-годишна возраст од компликации на вирусот ХИВ/АДИС, кој ѝ го пренел нејзиниот партнер.