Кормак Рот, музичар и син на актерот Тим Рот, почина од рак на 25 години, објави неговото семејство.
„Кормак имаше дива енергија, а неговиот дух беше исполнет со светлина и добрина. Колку и да беше див, беше и олицетворение на добрината. Нежна душа која донесе толку многу среќа и надеж за сите околу неа. Тагата доаѓа во бранови, како и солзите и смеата, кога се сеќаваме на тоа прекрасно момче низ 25 години и 10 месеци што го познававме. Непослушно, радосно, диво и прекрасно дете. Го сакаме. Ќе го носиме со нас каде и да одиме“, велат од семејството за „Варајати“.
Кормак дипломирал на колеџот Бенингтон и бил талентиран гитарист, композитор и продуцент. На својот Инстаграм лани во ноември година, тој објави дека му бил дијагностициран рак од трет степен, но се надева дека ќе ја победи болеста.