Крадци влегле во домот на раперот Ашер во Лос Анџелес и украле пари и накит во вредност од 830.000 долари. Поранешната сопруга на Ашер, Грејс Мигел, од домашната помошничка дознала за инцидентот на 29 март и таа ја известила полицијата. Наводно, помошничката на Грејс ѝ рекла дека видела стапалки од чевли на вториот кат и отпечатоци од прсти на една од перниците.
Снимките од безбедносните камери ги снемало, велат од полицијата. Се претпоставува дека крадците влегле преку прозорец. Од полицијата не откриваат детали за кражбата.